СТРАШНИ СНИМКИ ПО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА БРИТАНСКИ МИЛИОНЕР: Крвави дамки низ целиот ранч ГРАБНУВАЧИТЕ носеле ПОЛИЦИСКИ УНИФОРМИ 

Угледен бизнисмен со британско потекло Колин Армстронг (78) наводно бил киднапиран во Еквадор.

Група од 15 киднапери, според локалните медиуми, упаднале во неговиот ранч во провинцијата Лос Риос и ги зеле Армстронг и неговата партнерка кои се од колумбиска националност .

На социјалните мрежи, наводно, кружи видео кое покажува знаци на присилно влегување заедно со траги од крв и ограбени соби. Полицијата потврди дека го истражува киднапирањето во Баба во провинцијата Лос Риос.

Армстронг, кој е британски почесен конзул во Гвајакил, е основач на голема компанија во Еквадор наречена Agripac која произведува и продава земјоделски и индустриски производи . Тој, исто така, поседува голем имот во Јоркшир каде што пораснал.

Бизнисменот доби признание за неговите услуги на британската монархија во 2011 година.

– Специјалните единици на полицијата спроведуваат оперативни и истражни активности – изјави портпаролот на еквадорската полиција.

Медиумите јавуваат дека жената која беше киднапирана со него е неговата сопруга.

Црното БМВ на исчезнатиот бизнисмен наводно било пронајдено напуштено на патот меѓу Баба и блискиот град Салитре.

Се претпоставува дека киднапирањето се случило во саботата околу 2:45 часот по локално време. Исто така, кружат неофицијални информации дека киднаперите биле облечени во полициски униформи.