Стјуардесата Грета Дирмиши работела за „Ер Албанија“, а потоа ненадејно починала во декември минатата година, веднаш по слегувањето од летот од Тирана за Есекс, пишува Дејли мејл.
Истрагата штотуку заврши, а покажа дека 24-годишната девојка починала од синдром на ненадејна смрт. На лице место брзата помош се обидела да ја реанимира, но залудно.
Експертите го опишуваат синдромот на ненадејна смрт на возрасни (SADS) како ненадејна смрт предизвикана од срцев удар, но причината за срцев удар не може да се најде. Во повеќето случаи, тоа се случува за време на спиењето.
„Набргу по слетувањето, Албанката колабирала и добила прва помош, но по 10 минути повеќе немалa пулс“, изјавила Мишел Браун, судски вештак за Есекс и додала:
„Сè се случило во близина на влезната врата на авионот“.
Изгубивме одличен работник и пријател
„Ер Албанија“ се огласи за целата ситуација:
„На 21 декември, откако ги симнавме патниците во Лондон, една од нашите стјуардеси, Грета Диемиши, имаше срцев удар и покрај непосредната реакција на брзата помош, сепак ја загубивме.”
Во Велика Британија овој синдром одзема повеќе од 500 животи годишно, а особено загрозени се лицата со срцеви маани кои не го добиваат пропишаниот медицински третман.