Сцени кои нема да ве остават рамнодушни: Земјотрес уништи цела зграда, додека на теренот се случува најлошиот хорор (ВИДЕО)

0

Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Мароко, при што загинаа повеќе од 2.000 луѓе и предизвика сериозни штети во неколку области.

Жителите излегоа на улиците кога земјотресот ја стресе земјата во петокот во 23:11 часот по локално време, а потресите се почувствуваа во неколку области на земјата од Казабланка до Маракеш, каде што многу згради беа уништени или тешко оштетени.

Денеска Европската медитеранска сеизмолошка опсерваторија објави дека регистрирала земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала на 77 километри југозападно од Маракеш.

Се верува дека многу жртви се во тешко достапни планински области, а многу луѓе сè уште се заробени под урнатините, додека спасувачките напори се во тек.

На интернет се појави страотно видео кое најдобро ги илустрира ужасите на оваа катастрофа.

Оваа снимка го доловува моментот кога целата зграда се урива и паѓа.

Подолу е видео од надзорните камери на кое се гледа како делови од зградата се уриваат врз луѓе кои се обиделе да се сокријат на споредна улица од стампедото на луѓе кои трчале и газат сè пред себе.