Таа за првпат проговори за бракот: По изјавата на Клуни дека никогаш не се карале, Амал ја откри вистина за врската (фото)
„Имам партнер во животот кој толку многу ме поддржува во она што го правам, што не морам да се извинувам или да се воздржувам“, рече Амал Клуни.
Познатата адвокатка за човекови права Амал Клуни отворено зборуваше за својот приватен живот во ретко интервју за списанието „Гламур“, откривајќи колку нејзиниот сопруг Џорџ Клуни ѝ значи како партнер, но и како татко на нивните деца.
„Имам партнер во животот кој толку многу ме поддржува во она што го правам, што не морам да се извинувам или да се воздржувам“, рече Амал Клуни, нагласувајќи колку нејзиниот сопруг Џорџ, познат холивудски актер, ја поддржувал во текот на целата нејзина кариера и мајчинство.
Амал, исто така, се присети на моментите по раѓањето на нивните близнаци, Александар и Ела, кои сега имаат осум години.
„Се сеќавам кога станав мајка, што беше сосема ново искуство за мене, Џорџ беше првиот што рече: „Знам дека имаш говор пред Советот за безбедност. Мора да одиш, јас ќе се грижам за децата, не грижи се.““
Таа додаде дека секој ден со нејзиното семејство го смета за вистинска среќа. „Имам неверојатна среќа што можам да го делам секој ден со него. Сега сме четворица и ништо од тоа не го земам здраво за готово. Ја ценам смеата и радоста што ги добивам само од тоа што сум со нив.“
И покрај големата медиумска експонираност, Клуни се многу внимателни во заштитата на приватноста на своите деца.
„Родителството значи дека сте уште повеќе вознемирени од одредени нарушувања на вашата приватност. Се трудиме да го минимизираме влијанието на јавноста врз нашите деца. Никогаш не сме ги објавиле нивните фотографии, ниту ги изложиле на јавноста“, нагласи Амал.
Љубов без расправии
Џорџ Клуни, кој е во брак со Амал од 2014 година, неодамна во интервју за CBS Mornings откри дека тој и неговата сопруга никогаш не се скарале во повеќе од една деценија откако се заедно.
„Сè уште не сме. Се обидуваме да најдеме нешто за што да се караме!“, рече познатиот актер, додавајќи дека секој ден се чувствува како најсреќниот човек на светот.
„Се чувствувам неверојатно среќен што ја запознав оваа неверојатна жена. Не поминува ниту еден ден, а да не мислам дека сум најсреќниот човек на светот. Тоа е одлично“, заклучи Клуни.