“ТАКА БИЛО СО ГОДИНИ, ПОСЛЕ ЕДНА-ДВЕ ПИЈАЧКИ…“ – Каде премиерот Димитар Ковачевски ќе ја дочека новата 2024 година ?

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, доаѓањето на Новата Година ќе ја прослави со пријателите во некое од скопските кафулиња, а денот ќе го заврши со семејството.  

Како и секоја година ќе ја прославам Новата Година. Јас сум човек кој секогаш за 31. декември сум некаде по скопските кафулиња, така било со години, со моите другари од детство, и после една-две пријачки во центарот на Скопје секогаш денот го завршувам со семејството“, изјави Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на пуштањето во употреба на реконструираната сала „Партизан“ во скопски Карпош.