Лидерот на АA, Арбен Таравари, најави дека надежите за одобрување на уставните измени се се помали и помали.
„Надежта е се помала и помала. Нема член на Владата кој со сигурност може да каже дека уставните измени ќе се направат. Во тој момент, кога нема да се направат уставните измени, имаме обврска да го свикаме партиското Собрание за да одлучиме дали да продолжиме или да одиме во опозиција“, рече Таравари.
За изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, дека ја разгледуваат можноста на парламентарните избори сите политички партии на власт, не исклучувајќи ја СДСМ, да одат на заеднички листи, Таравари одговори дека „Така кажа Ахмети. . Сите опции се отворени за нас“.
Но, Таравари додаде дека имаат резерви за македонските партии, иако најави дека Централното собрание ќе одлучува за ова прашање.
„Оваа тема ја отворивме со Ахмет и Ковачевски, но кажав дека имаме резервa да одиме со македонска партија, но повторно за ова мора да разговараме во партиското собрание… Да бидам фер, велам дека ja имаме отворeнo темава, ќе те излажам ако кажам дека ние не ја отворивме оваа тема“, рече Таравари.