Таравари ја претстави точката 5 од Националната платформа

Претседателот на Алијансата за Албанците, г-дин Арбен Таравари, на прес-конференција ја претстави точката 5 од Националната платформа, која се фокусира на заштитата на животната средина, екологијата и развојот на модерна инфраструктура во албанските општини.

Таравари нагласи дека оваа точка има за цел чистење на дивите депонии, создавање системи за рециклирање, заштита на водата и природните ресурси и користење на обновлива енергија.

Во однос на инфраструктурата, тој најави инвестиции во реконструирани патишта со LED осветлување, организирани паркинзи, јавен превоз за ученици, како и подобрување на пристапот до руралните средини. Таравари ја спомена и изградбата на модерни пазари со приоритет за семејни бизниси и објекти за производители на БИО производи, како и зачувувањето на традиционалната албанска архитектура.

„Мотото на оваа точка е јасно: Чиста животна средина – здрава заедница; Модерна инфраструктура – одржлив развој“, рече Таравари.