Тело на бебе пронајдено во куќа: Приведени пет лица на возраст од 20 до 70 години

Пет лица беа приведени од полицијата во Манчестер откако беа пронајдени „остатоци од бебе“ во куќа на имот во Марш Грин, Виган.

Пет лица на возраст од 20 до 70 години се уапсени под сомнение за прикривање на смртта и незаконски погреб, соопшти полицијата. Ним им е определена кауција и беа пуштени да се бранат од слобода.

Шефот на полицијата Клер Џенкинс изјави дека полицијата истражува друга локација во Пумбертон, пренесува Би-Би-Си.

„Ова е навистина срцепарателно откритие и не го потценувам влијанието што оваа вест ќе го има врз локалната заедница“, рече таа.

Таа додаде дека неколку тимови од полицајци и специјализирани единици „внимателно работат на изнаоѓање одговори“.

„Во наредните денови ќе знаеме повеќе за околностите на овој инцидент, но убедени сме дека ова е изолиран случај и дека нема опасност за пошироката јавност“, изјави Џенкинс.