„Ти благодарам што дојде, ќе ти се оддолжам!“: Голема музичка ѕвезда го изненади Ѓоковиќ на Ролан Гарос
Познатиот француски музички продуцент и диџеј, диџеј Снејк, присуствуваше на натпреварот на Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос, каде што српскиот тенисер се пласираше во полуфиналето победувајќи го Александар Зверев со резултат од 3:1.
По натпреварот, Ѓоковиќ го изрази своето задоволство што го виде диџејот Снејк на трибините и му се заблагодари за поддршката, велејќи:
„Т благодарам што дојде“, му рече Новак Ѓоковиќ, на што диџејот Снејк рече дека му е првпат.
„Нема шанси“, додаде Ѓоковиќ и најави дека ќе му се оддолжи со тоа што ќе дојде на еден од неговите настапи.
„Ти благодарам што дојде,, ќе ти се оддолжам!“, рече српскиот тенисер.
Двајцата неодамна ја прославија заедно победата на ПСЖ во Лигата на шампионите, што дополнително го потврдува нивното пријателство.
Диџеј Снејк, чие вистинско име е Вилијам Сами Етјен Григасин, е француско-алжирски диџеј и продуцент. Познат е по својот придонес во електронската музика, особено во жанровите EDM, трап, мумбатон и дабстеп.
Тој е познат по своите соработки со бројни светски ѕвезди, меѓу кои Дипло, Скрилекс, Мејџор Лејзер, Лејди Гага и многу други. Неговата музика често се користи во филмови, реклами и спортски настани, а неговите песни имаат милијарди прегледи на Јутјуб.