Топ 7 дестинации за есенско патување! Која и да ја изберете, нема да погрешите – убавината ви го одзема здивот

Сезоната на летните одмори заврши, а доколку веќе размислувате за ново патување, ви ги претставуваме совршените дестинации кои мора да ги посетите наесен.

Есенските патувања носат посебен шарм и прават убави спомени. Европа во овој период од годината е божествена, а покрај тоа што ќе уживате во посета на градови на пријатни температури, ќе ве воодушеват и помалата гужва во есенските месеци, но и поевтините цени на пакетите. 

Топ 7 дестинации  кои ги издвоивме се најубави во текот на есента, бидејќи тогаш природата се трансформира, а улиците и парковите добиваат живи бои, а пријатните температури и повремениот пад на дожд ве тераат да ги запознаете градовите во нов начин.

Прага – Чешка

Прага е идеален есенски град. Со фантастични паркови низ градот и скриени кафулиња кои нудат традиционална чешка кујна, Прага ги воодушевува сите љубители на фотографијата, како и оние кои знаат што е вистинско уживање. Прага, како една од омилените европски дестинации, е многу популарна во текот на летните месеци и околу новогодишните празници, па затоа е идеална наесен доколку сакате да ја избегнете гужвата. 

Лага – Малта

Малта е мала островска земја на Медитеранот и иако е попосетувана во текот на летните месеци, треба да се нагласи дека е убава и во текот на есента бидејќи токму тогаш можете да одите наоколу и да уживате во морето. Главниот град Валета зрачи со романтични улички, живи бои, историски знаменитости… Гужвата е поднослива во септември и октомври, а температурите се идеални за разгледување и капење.

Лисабон – Португалија

Лисабон е главен град со најмногу сончеви денови во Европа, а во септември и октомври температурите се идеални за истражување на градот пеш. Овој магичен португалски град е препознатлив по прекрасните палати, бројните музеи, шарените улици, одличната храна… Гужвата на есен не е голема, а цените се многу достапни.

Минхен – Германија

Минхен е на врвот на секоја листа за патувања за есен. Овој град едноставно мора да го посетите во текот на септември и октомври, бидејќи тогаш на туристите им нуди незаборавно искуство – Октобарфест, најголемиот фестивал на пивото во светот. За време на фестивалот сите посетители можат да очекуваат гурмански специјалитети кои се вистински рај за непцето.

Истанбул – Турција

Истанбул е една од водечките дестинации за патување во есенските месеци. Овој град се протега преку Босфорскиот теснец, па дури и на два континента – Европа и Азија, што го прави единствен во светот. Ги воодушевува туристите со специфична мешавина на источни и западни влијанија, колоритна атмосфера која владее по улиците на градовите, како и насмеани локални жители кои ќе ве поздрават на секој чекор. 

Тоскана

Најромантичниот регион на Италија – Тоскана ќе ви овозможи магија која вечно ќе ја паметите. Фиренца, Сан Џимињано и Сиена, како и Cinque Terre се места кои дефинитивно треба да ги посетите наесен, бидејќи тогаш нивните бои, природа и историски знаменитости ќе ве воодушеват. Откако ќе го посетите овој магичен регион, ќе имате спомени, но и фотографии како од најубавата разгледница.

Барселона

Барселона се наоѓа на брегот, а најдобро време за посета на овој прекрасен град е во септември и октомври, бидејќи тогаш температурите се идеални за разгледување и уживање во морето. Барселона нуди прекрасни паркови, познати знаменитости, широки булевари и шарени улици, но и одлична храна. Ваше е само да уживате во сите привлечности.