Трагедија! Автобус со фудбалери се преврте од мост: Петмина загинати! Сè се случи по освоениот трофеј!

Тажна вест од Бразил. „Глобо“ пренесува дека автобусот со фудбалери на тимот Вила Марија паднал од мост висок десет метри.

Од падот починати се пет лица (во првичните информации се наведува дека загинале четири лица, но потоа медиумите објавија нови извештаи, според кои бројот на жртвите е поголем).

Од урнатините се извлечени 29 лица, од кои 24 се пренесени во најблиската болница.

Сето ова се случи во понеделникот во раните утрински часови, а фудбалскиот тим се враќаше од турнир на кој го освоија првото место.