Трамп го нарече Бенјамин Нетанјаху „воен херој“ и „добар човек“

Претседателот Доналд Трамп во вторникот посочи дека е воен херој, велејќи му на конзервативниот радио водител Марк Левин дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е еден од нив, додавајќи: „Претпоставувам дека сум“.
Трамп се нарече себеси воен херој додека разговараше со Левин, цврст поддржувач на Израел, за време на истоимената емисија на водителот „Марк Левин Шоу“, додека претседателот разговараше за соработка со Нетанјаху за ослободување на преостанатите затвореници што ги држи Хамас во Појасот Газа.

Трамп го нарече Нетанјаху „добар човек“, додавајќи дека „тој е таму и се бори“.

Претседателот продолжи велејќи дека иако некои сакаат Нетанјаху да биде гонет за воени злосторства, „тој е воен херој“.

„Тој е воен херој затоа што работевме заедно. Тој е воен херој. Претпоставувам дека и јас сум. На никој не му е гајле. Но, и јас сум. Мислам, јас ги испратив тие авиони“, рече Трамп.

Трамп никогаш не бил распореден ниту се борел во војна. Кога му рече на Левин во вторникот дека тој „ги испратил тие авиони“, мислеше на наредбата за воздушни напади кон крајот на јуни насочени кон три клучни постројки за збогатување ураниум во Иран.

Бенјамин Нетанјаху е баран од Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства во Појасот Газа, додека против Израел се води постапка пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид во Газа.