Трамп доби интересен подарок направен од стакло „Корнинг“ и 24-каратно злато од извршниот директор на „Епл“
За време на прес-конференцијата одржана во Белата куќа, каде што се дискутираа новите планови на Apple за производство на американско тло, директорот на оваа компанија, Тим Кук, му подари необичен подарок на американскиот претседател Доналд Трамп.
Станува збор за „уникатно“ парче стакло, произведено од „Корнинг“, добавувачот на стакло за „Ајфон“, и поставено на основа од 24-каратно злато.
Парчето стакло е голем диск со врежано логото на Apple на него. Името на претседателот на САД е врежано на горниот дел од стаклото, а на дното е она што се верува дека е потписот на Кук, заедно со пораката „Произведено во САД“ и годината 2025.
Стаклото е дизајнирано од „поранешен каплар на американскиот морнарички корпус“ кој сега работи за Apple. Основата потекнува од Јута.
Кук е добро познат по својата способност да негува односи со Трамп, а набргу откако беше избран по втор пат за претседател на САД, извршните директори на други компании се обидоа да го следат неговиот пример. Трамп им се закани на Apple и на другите производители на паметни телефони со царини доколку не го преселат своето производство во САД.
