Трамп за дијагнозата за рак на Бајден: Не ми е жал за него, им наштетил на многу луѓе

Доналд Трамп го пофали милијардерот Илон Маск за неговите напори за намалување на федералните трошоци за време на заедничката прес-конференција во Овалната соба, откако беше објавено дека најбогатиот човек во светот ја напушта администрацијата на американскиот претседател.

Заедничката прес-конференција беше проследена со прашања од новинарите,пишуваат странските медиуми , пренесува Телеграфи.

Една од темите беше Џо Бајден, поранешниот американски претседател, кој неодамна откри дека има рак на простата.

Трамп рече дека не треба „да се чувствува толку лошо“ поради тоа.

„Ако ви е жал за него, немојте да ви е жал за него“, рече Трамп.

„Тој повреди многу луѓе. Искрено, воопшто не ми е жал за него“, додаде тој.