Американскиот претседател Доналд Трамп денес му рече на својот милијардер советник Илон Маск дека е поканет да остане во американската администрација колку што сака.
На состанок на кабинетот отворен за печатот, Трамп додаде дека извршниот директор на „Тесла“ на крајот ќе сака да се врати на своите автомобили, објави Ројтерс.
Американскиот претседател истакна дека јавноста многу го критикувала Маск и дека бил „неправедно третиран“.
„Но, огромното мнозинство луѓе во оваа земја ве ценат“, рече Трамп и додаде дека Маск е „поканет да остане колку што сака“ – со гласен аплауз од публиката, објави Би-Би-Си.
Маск го пофали Трамп, велејќи дека „многу е постигнато во првите 100 дена“.
„Ова би можела да биде најдобрата администрација од основањето на земјата“, заклучи Маск.