Претседателот Доналд Трамп изјави дека САД испраќаат ракети „Патриот“ во Украина, кои се многу потребни за да ѝ помогнат да се одбрани од зголемените руски воздушни напади.
Се наведува дека специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија, генерал Кит Келог, пристигнал во Киев, бидејќи растеле очекувањата за можни промени во политиките на администрацијата на Трамп во врска со повеќе од тригодишната војна.
Трамп минатата недела предупреди дека ќе даде „голема изјава“ за Русија во понеделник.
Тој го направи брзото завршување на војната еден од своите дипломатски приоритети и сè повеќе изразува фрустрација од непоколебливиот став на рускиот претседател Владимир Путин.
„Путин зборува убаво, а потоа ги бомбардира сите“, рече Трамп.
Инаку, американскиот претседател даде и изјава за ситуацијата во Газа.
Тој рече дека се надева оти разговорите за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас ќе бидат „поправени“ оваа недела.