Трајановски изврши увид долж трасата од автопатот Кичево-Охрид

Изминатиот период имавме неколку состаноци каде ги детектиравме проблемите и по денешниот увид ќе се предвидат решенија за критичните косини. Денес директно на терен ги согледуваме и останатите проблеми долж целата траса и потоа започнуваме со изнаоѓање на решенија за истите, потенцираше во објавата Трајановски.

-Денес заедно со главниот надзор ГИМ,изведувачот Синохидро, подизведувачот Гранит,подизведувачот Илинден, професори од градежниот факултет, експерти од Кина и преставници од министерството за транспорт, извршивме увид на косините каде се појавуваат свлечишта долж трасата од автопатот Кичево-Охрид, соопшти директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

-Изминатиот период имавме неколку состаноци каде ги детектиравме проблемите и по денешниот увид ќе се предвидат решенија за критичните косини. Денес директно на терен ги согледуваме и останатите проблеми долж целата траса и потоа започнуваме со изнаоѓање на решенија за истите, потенцираше во објавата.

-Пробиени се околу 95% од трасата. Интензивно се работи на земјани работи (ископ и насип, изработка на клинови кај вијадуктите и пропустите, асфалтирање и др.), 145 пропусти се завршени, остануваат уште 14 пропусти за изведба, од вкупно 37 потпорни ѕидови, 27 потпорни ѕидови се завршени, а на 10 се работи, вкупно 28 вијадукти, на сите се завршени долниот строј и коловозната плоча, има 35 натпатници и потпатници. Македонија за тебе!, нагласи директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски во објавата на фејсбук.