Треба да ја избегнувате оваа положба на спиење бидејќи може да предизвика главоболки и болки во грбот

Квалитетниот сон е од клучно значење за нашата целокупна благосостојба, но еден од факторите што често се занемарува е положбата во која спиеме

Голема е веројатноста дека до сега не сте размислувале која поза за спиење е најдобра за вашето здравје. Но, постои и голема веројатност дека еден ден ќе го направите тоа поради несоница, болка или други причини. Како што пишува Sleep Foundation , позициите во кои спиете имаат големо влијание врз квалитетот на спиењето, особено на дишењето. Дали знаете која поза е всушност најлоша за вас?

Ова се 18-те најдобри пози за спиење: Дали е вашата омилена меѓу нив?

Имено, експертите тврдат дека најлошата положба за спиење е на стомак. Тоа е затоа што може да предизвика болки во вратот, грбот и рамената, како и главоболки. Кога спиете на стомак, треба да ја свртите главата на едната страна за да дишете, поради што вратот цела ноќ е во неприродна положба. Поради ова, протокот на крв во главата и вратот е намален, што може да предизвика болка.

– Ако навистина треба да спиете на стомак, набавете перница со дупка во средината направена специјално за таква намена – советуваат експертите.Ова треба да ви овозможи поправилно да дишете и положбата на вратот да биде правилна.

Спиењето на стомак, исто така, предизвикува притисок врз ‘рбетот и не дозволува правилно усогласување на лигаментите, мускулите, коските и зглобовите. Во исто време се создава притисок на градниот кош кој исто така може да предизвика непријатност и болка. Ако се будите со вкочанет врат, болен врат или остра болка во грбот, пецкање во нозете или стапалата, можен виновник е спиењето на стомак. Овие болки може да се ублажат со ставање перница под желудникот, но во овој случај перницата би требало да биде доволно „дебела“ за да го држи ‘рбетот во неутрална положба.

Спиењето на стомак или на десната страна може да предизвика или влоши гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ). Ова се случува кога киселината и содржината од желудникот ќе стигнат до хранопроводникот. Вентилот кој го спречува враќањето на киселината од пределот на желудникот не може да го контролира рефлуксот поради гравитацијата во овие позиции, а содржината на желудникот стигнува до дното на хранопроводот, предизвикувајќи горушица, болка, кисел вкус во устата, лош здив, а понекогаш дури и болка во градите. .

Спиењето на едната страна од лицето е неизбежно кога спиете на стомак. Истражувањата покажаа дека притисокот врз перницата со текот на времето може да влијае на формирање на подлабоки брчки и мозолчиња на лицето. Навлаките за перници се како сунѓери за производи за нега на коса и кожа.

Која е најдобрата положба за спиење?

Најдобрата положба за спиење е на грб, заклучуваат експертите. Оваа поза, како што тврдат, обезбедува одмор за рамената и грбот, а благодарение на тоа, луѓето кои спијат во оваа поза имаат квалитетен сон. Додаваат и дека спиењето на страна е умерено прифатлива варијанта.