– Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со претставници од Швајцарска Амбасада, УНФПА, бизнис секторот и Академијата се сретнаа со студенти од различни профили на студии од Универзитетот Св. Кирил и Методиј, при што се разговараше за важноста на менталното здравје како и за идните нивни планови и аспирации.
Како што соопштија од МТСП, Тренчевска ги споделила своите искуства со студентите и во непосреден разговор ја истакна важноста од проактивноста на младите за подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани во државата. На средбата, студентите преку сопствени примери ги посочиле предизвиците со кои се соочуваат новите генерации, потребата од постојано надоградување како на младите така и на возрасните како и потребата од размена на искуства кои како што тие искажаа би била навистина од корист.
Средбата завршила со споделување на прогресивни идеи на младите за подобрување на системите во државата како и заедничкиот заклучок дека секој од присутните како релевантни чинители имаат удел во непреченото функционирање на сите процеси во државата.