ТРЕТИОТ ТЕРОРИСТ ОД МОСКВА ПРИЗНА СЕ: Поради тоа што го кажа сега му се заканува доживотен затвор, ГО ОТКРИ И ГЛАВНИОТ МОТИВ (ВИДЕО)

Му биле понудени пари за да убива луѓе.

За терористичкиот напад во концертната сала Крокус во Москва, третиот терорист ја призна вината на судско рочиште.

Да потсетиме дека на терористот му биле понудени 500 илјади рубли за да убие што повеќе луѓе.

Максималната казна за ова дело е доживотен затвор. Бројот на жртвите во терористичкиот напад на трговскиот центар „Крокус сити“ во Москва се искачи на 137, соопшти претходно денеска Рускиот истражен комитет.

Се додава дека меѓу загинатите има и три деца, пренесе ТАСС. Дополнително, бројот на повредени се зголеми на 180, од ​​кои 142 лица се хоспитализирани.