Дали ви е доста од вашите редовни извори на протеини? Подолу ви пренесуваме неколку скриени извори на протеини кои ќе ви помогнат да согорите масти.
Кори Лефковит е основач на Редефинирање на силата и е посветена да им помага на луѓето да станат во форма без оглед на возраста. Во новото видео, таа споделува некои од најпотценетите извори на протеини.
„Сакам да ги истакнам сите намирници за кои не размислуваме често, а кои се богати со протеини и можат да бидат одличен начин да го зголемиме внесот, додека оброците ги правиме вкусни“, вели таа.
Сирење
Сирењата се одличен начин да додадете вкус и протеини на вашиот оброк. Таа препорачува да се најдат варијации и опции со пониски маснотии, како што се пармезан, швајцарско сирење и фета сирење без маснотии.
Белка од јајце
Белките навистина лесно се сокриваат во садовите без да се менува вкусот, но со додавање на протеини. Може да се користат и за солени и за слатки јадења.
Едамаме
Свеж или замрзнат едамам е богат со протеини. Една порција или околу 85 грама ви дава девет грама протеини и дава одличен вкус и текстура на јадењата. Лесно се комбинираат со популарните извори на протеини за да ви помогнат да го зголемите внесот на протеини без да ви биде здодевно.