Турските полициски власти уапсија 218 лица, кои, наводно, не граделе станови според стандардите и затоа лесно биле урнати од земјотресите што на почетокот на февруари го погодија јужниот дел на земјата.
Во рамките на истрагите што ги покрена обвинителството, одговорни се вкупно 869 лица, јавува агенцијата Анадолу.
Досега се уапсени 218 лица, а по 151 други осомничени се распишани потерници.
Утврдено е и дека 31 осомничен не е жив, а петмина се во странство.
Како што соопшти обвинителството, 81 осомничен по давање исказ биле пуштени на слобода.
Бројот на загинати во разорните земјотреси што ја погодија Турција на 6 февруари се искачи на 45.089, соопшти Државната агенција за управување со катастрофи (АФАД).