Турците го нарекуваат „пијалок на долговечноста“: еднаш неделно, ставете ги овие 2 состојки во вашето домашно кафе и ќе го освежите целото тело

Во турската традиција, овој пијалок се нарекува и „пијалок на долговечноста“. Се верува дека медот, богат со природни шеќери како што се фруктоза и гликоза, придонесува за подобра функција на црниот дроб, додека лимонот се поврзува со зајакнување на имунитетот.

Ако некогаш сте патувале во Турција, можеби сте ја забележале нивната посебна навика која е поврзана со ритуалот на пиење кафе. Имено, во некои региони постои обичај еднаш неделно да се додава половина лажичка природен мед и неколку капки сок од лимон во домашното (турско) кафе.

Во турската традиција, овој пијалок се нарекува и „пијалок на долговечноста“. Се верува дека медот, богат со природни шеќери како што се фруктоза и гликоза, придонесува за подобра функција на црниот дроб, додека лимонот се поврзува со зајакнување на имунитетот и регулирање на крвниот притисок. Токму поради овие својства многумина го сметаат за еден вид еликсир.

Сепак, важно е да се нагласи дека ваквите пијалоци имаат првенствено културно и традиционално значење, а не лековито. Експертите предупредуваат дека не треба да се злоупотребуваат, особено од луѓе склони кон алергии, бидејќи дури и природните состојки можат да предизвикаат несакани реакции.

Подготовката е едноставна: кафето се приготвува на вообичаен начин, а кога малку ќе се олади, се додаваат лажичка мед и неколку капки лимон. Во турската култура, обично се консумира еднаш неделно, како дел од обичај, а не како замена за лекови или терапија.