Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди Турција во неделата попладне.
Според информациите на веб-страницата на Претседателството за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), земјотрес со јачина од 5 степени по Рихтер ја погоди Турција, со епицентар на Козан во Адана.
Утврдено е дека земјотресот се случил на длабочина од 20,13 километри, а потресите се почувствувани и во Сирија.
Засега првичните извештаи не покажуваат повредени или значителна материјална штета.
По потресите кои се почувствуваа во Адана како и во Османије, Газиантеп и Кајсери, дел од граѓаните излегоа на улиците.
Гувернерот на Адана Јавуз Селим Кошгер рече: „Во моментов нема штета во нашата покраина, нашата истрага продолжува“.
Дури и министерот за внатрешни работи Али Јерликаја најави дека нема штети по земјотресот од 5 степени.
Во својата изјава на социјалните мрежи, Јерликаја изјави дека земјотресот со јачина од 5 степени во областа Козан во Адана е почувствуван и во околните провинции и истакна
„АФАД и сите екипи на нашите соодветни институции веднаш почнаа со теренски скенирање. Во моментов нема негативна ситуација. Им посакувам се најдобро на нашите граѓани погодени од земјотресот. Господ да ја заштити нашата земја и нација од несреќи“.
Инаку, две недели претходно земјата беше погодена од земјотрес со јачина од 5,9 степени со епицентар во провинцијата Малатија на истокот на турската држава.
Оваа информација е потврдена и од турската управа за катастрофи и вонредни состојби позната како АФАД.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар соопшти дека земјотресот бил на длабочина од 9 километри под земја.
Во последните години Турција беше погодена од многу силни земјотреси, како последица на кои животот го загубија илјадници граѓани.