УБАВАТА АФРОДИТА Е НОВAТА ГРЧКА европратеничка; Премиерот Мицотакис ја исфрли од партијата, ЕДЕН клип ги шокираше СИТЕ (ВИДЕО)

Грчката партија Победа на разумот е најголемото изненадување меѓу екстремно десничарските партии на изборите за Европскиот парламент што се одржаа во таа земја.

Политико наведува дека оваа партија обезбедила едно пратеничко место во Брисел, кое ќе го заземе нејзината контроверзна претседателка Афродити Латинопулу.

Се вели дека 33-годишната политичарка, родена во Солун, бил исфрлена од владејачката партија Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакис во 2022 година.

Причина за тоа беа нејзините коментари за дебелите луѓе кои беа оценети како дискриминаторски.

Латинопулу е и против абортусот и мигрантите и сака да им забрани на членовите на ЛГБТК заедницата да работат во грчкиот образовен систем.

Таа дополнително го привлече вниманието во саботата кога на социјалните мрежи објави видео како држи лубеница, копирајќи хумористичен клип на италијанската десничарска премиерка Џорџиа Мелони, која беше снимена како држи две лубеници.