Удриле во зајак при полетување, се запалил моторот на авион со 153 патници – пилотите принудно слетале во Денвер

Аматерско видео ги прикажува драматичните моменти кога пламенот изби од моторот на Боинг 737-800 на Јунајтед ерлајнс, откако удри во животно за време на полетувањето од меѓународниот аеродром во Денвер во неделата.

„Оган доаѓа од десниот мотор на авионот“, ги предупреди пилотите од контролата на летање, како што се слуша на аудио снимено од веб-страницата LiveATC.net.

Мислиме дека го загубивме моторот“, одговорил пилотот, пренесува Телеграф.

Летот 2325 на United Airlines полета во неделата од Денвер за Едмонтон, Канада, со 153 патници и шест членови на екипажот.

Екипажот пријавил дека удрил животно за време на полетувањето, се вели во соопштението на ФАА. Тие не го прецизираа животното, но во моментот на инцидентот на патеката беа пријавени зајаци.

Сепак, пилотите успеале безбедно да го спуштат на пистата и сите патници во него биле префрлени во друг авион за да го продолжат патувањето до Едмонтон.