Украински разузнавачи: Ние го разнесовме магацинот во руска база, Русите го кријат бројот на загинати

Шефот на воената разузнавачка служба на Украина, Кирило Буданов соопшти дека синоќешната експлозија на складиште за муниција во руска воена база на окупираниот Крим е операција на украинските специјални сили.

– Успешно спроведовме операција на окупираниот Крим. Непријателот го крие обемот на штетата и бројот на жртвите, објави Буданов на својот канал на Телеграм.