УКРАИНЦИТЕ ОБЈАВИЈА ГОЛЕМ НАПРЕДОК НА ЈУЖНИОТ ФРОНТ – Заземено стратешки важно село блиску до Бахмут: “Беше тешко, но сега областа е слободна!“

0

Генералштабот на вооружените сили на Украина во петокот објави дека украинските сили го зазеле селото Андреевка, кое се наоѓа јужно од Бахмут.

За време на јуришните операции, Андреевка е ослободена“, се наведува во утринскиот извештај на Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Заменик-министерката за одбрана на Украина, Ана Маљар, ден претходно најави заземање на селото, но тоа веднаш го демантираше третата специјална бригада која се бореше во АндреевкаАна Маљар тогаш напиша дека имало грешка во комуникацијата и дека борбите за селото продолжуваат.

Беше тешко и ситуацијата неколку пати се менуваше многу динамично“, напиша Ана Маљар во објава на социјалните мрежи.

Борбите за Андреевка и соседното село Клешејевка јужно од Бахмут траат веќе неколку месеци.

Високи воени претставници во Киев тврдат дека Украина им нанесува големи загуби на руските сили на јужниот фронт во обид да ја врати територијата во близина на Бахмут.

За потсетување, руските сили предводени од групата Вагнер го зазедоа Бахмут во мај по неколкумесечни борби кои го оставија градот во урнатини.