УШТЕ ЕДЕН ВИСОК ГЕНЕРАЛ НА ВЛАДИМИР ПУТИН ЗАГИНА ВО УКРАИНА – Тој бил командант на елитна тенковска дивизија

0

Висок руски генерал е убиен откако стапнал на руска нагазна мина во Украина, велат неколку про-Кремљ извори, пренесува BBC.

Генерал-мајор Владимир Завадски (45 г.) бил заменик командант на 14-тиот армиски корпус. Покрај него, уште најмалку шест руски генерали се верува дека загинале од почетокот на инвазијата на Русија на Украина во февруари 2022 година.

Од Министерството за одбрана на Русија се уште нема официјална потврда за овој инцидент, а има неколку спротивставени информации за тоа каде се случило тоа.

Засега Министерството за одбрана на Русија не ја спомена смртта на високи офицери, дури и откако блиски роднини на загинатите веќе зборуваа за тоа.

Извештаите велат дека генерал-мајор Владимир Завадски починал во средата попладне. Не се знае точно каде се случило тоа, но се верува дека неговата единица во тоа време била во регионот Херсон.

Пред неговата сегашна функција, Владимир Завадски беше командант на елитната тенковска дивизија Кантемировски, со седиште надвор од Москва.

Доколку се потврдат извештаите за неговата смрт, тој ќе биде седмиот руски генерал кој загинал во оваа војна. Имено, потврдено е дека четворица генерали загинале во првите четири месеци од војната, а уште двајца во летото оваа година.

Неодамна, генерал-полковник Олег Тосков беше убиен во напад на хотел во кој биле сместени руски воени команданти во Бердјанск, на окупираниот јужен брег на Украина.

Украински извори објавија уште седум смртни случаи на руски генерали, но во меѓувреме е докажано дека тројца од седуммината се се уште живи.