У19: Македонските фудбалери ја совладаа од Полска на стартот на квалификациите за ЕП

– Македонската машка фудбалска репрезентација до 19 години со победа ги почна квалификациите за Европското првенство 2024, откако вечерва во Торун го совладаа домаќинот Полска со 2-0 (1-0).

Стрелец на водечкиот гол беше Величковски во 12 – таминута, а конечниот резултат го постави Елмас во 70-та минута. 

Македонските фудбалери во првата фаза од квалификациите се дел од групата 5 која се игра во полските градови Торун и Иновроцлав, а противник на избраниците на селекторот Тони Јакимовски во второто коло, в недела, ќе биде Германија, додека во завршното коло, на 17 октомври, ќе играат против Казахстан.

Пласман во елитната квалификациска фаза која ќе продолжи идната пролет ќе обезбедат двете најдобро пласирани од 13-те групи, како и најдобрата третопласирана селекција.

Домаќин на Европското првенство до 19 години, кое од 15 до 28 јули ќе се одржи идната година, ќе биде Северна Ирска