Фаталната бринета носеше танга на плажа и сите гледаа во неа: Ги заведува само моќните, а се прослави со аферата со познатиот пејач (ФОТО)
Шантел Џефрис (32), модел, инфлуенсер и диџеј, ја покажа својата затегната фигура додека уживаше на плажа во Мајами минатиот викенд.
Шантел, која моментално има 4,2 милиони следбеници на Инстаграм, носеше црвен горен дел од бикини со шарен дезен, како и оскудна долна танга.
Џефрис го комплетираше својот опуштен изглед на плажа со крупни, сребрени алки, а додаде и мали сребрени обетки.
Шантел носеше големи очила за сонце за да ги заштити очите од сонцето додека лежеше на песочниот брег, а кога првпат пристигна на преполната плажа носеше долго зелено здолниште кое подоцна го соблече за да се сонча.
Шантел, која претходно беше поврзана со Џастин Бибер, минуваше низ тежок проблем во текот на изминатата година, па минатиот месец отиде во Јужна Африка за да се опушти малку, и се чини дека продолжи со тоа темпо.
Инаку, оваа фатална бринета е позната по тоа што излегува со богати, познати и влијателни мажи , а и самата отворено призна дека не ни смета на момци без статус. Таа почна да заведува богати мажи уште пред да биде полнолетна, па пред 2013 година веќе успеа да биде со Џастин Комбс, синот на Паф Деди, раперот Лил Твист и американскиот фудбалер ДеШон Џексон.
Но, аферата која навистина ја направи позната и светски позната е онаа со Џастин Бибер. Оваа романса беше кратка, но доволна да се крене прашина, а заврши – со апсење!
Шантел била со пејачот кога полицијата го фатила како вози под дејство на алкохол, а додека го апселе таа се смеела, што ја шокирало јавноста.
Во нејзината листа на познати љубовници се и раперот Тревис Скот, кошаркарот Џордан Кларксон, како и неговата колешка Кајри Ирвинг, актерот Вилмер Валдерама, Јутјуберот Пол Логан, раперот Машин Ган Кели…