ФЕНОМЕН – Ова е најчудната приказна за споени близнаци во светот! Живееле 69 години, делеле исти полов орган, а кога требало да ги раздвојат тие одбиле! (фото/видео)

0

Рони и Дони Галион од американската сојузна држава Охајо се родени на 28. октомври 1951 година со споен стомак и живееле и поставиле рекорд како најстарите споени близнаци во светот.

Најдолговечните споени близнаци до сега починаа на 4. јули 2020 година на 69-годишна возраст.

Во 2014 година, непосредно пред нивниот 63-ти роденден, браќата станаа најдолговечните споени близнаци. Властите соопштија дека тие починале од природна смрт.

браќата галијард
Рони и Дони Галион

Уште како деца, овие споени близнаци започнале да се појавуваат на карневали и циркуси како вистинска атракција.

Нивниот брат Џим кажал дека семејството живеело од нивниот приход со години.

Секој брат имаше свое срце, раце и нозе. Тие беа споени на половината и го делеа половиот орган, дигестивниот тракт и ректумот, над кои Дони имаше контрола.

Споените близнаци се исклучително редок феномен и се случуваат еднаш на секои 200.000 живородени деца, додека стапката на преживување е од пет до 25 проценти.

Браќата се родени здрави во Дејтон во октомври 1951 година, но останале две години во болницата додека докторите разгледувале опции за нивно раздвојување. На крајот родителите се откажале од разделбата, бидејќи докторите не можеле да гарантираат дека и двајцата ќе преживеат по операцијата.

Господ нѐ направи такви какви што сме. Нека не раздели доколку сака“, изјавил во една прилика Рони за време на едно телевизиско гостување.

Браќата во текот на својот живот учествувале во бројни ТВ емисии и стекнале голема слава помеѓу јавноста во САД.