Ферати: Во Град Скопје има многу неправилности во именување на директори на училишта, се именувани без критериуми

Халит Ферати, директор на Државниот инспекторат за образование, говорејќи за состојбите во училиштата во Град Скопје, рече дека состојбата е многу тажна бидејќи директорите на училиштата во Скопје назначени се без никакви критериуми, со политички одлуки.

„Градот Скопје откако јас ја водам оваа институција е тажна појава, каде што навистина се прават многу законски прекршувања од страна на раководството на град Скопје. Отсекогаш сум се трудел да избегнувам политички прашања бидејќи институцијата што ја водам има етички кодекс, но во Град Скопје има бројни прекршувања. Имаме случаи за сите училишта каде што се забележани неправилности, но можеме да направиме онолку колку што имаме овластувања. Имаме директори кои немаат ниту лиценца за директор, каде што не исполнуваат ниту еден критериум“, изјави Ферати за „ТВ21“.

Тој рече дека има многу несогласувања меѓу академските кадри.

„Имаме проблеми со четири-пет општини. Имаме градоначалници кои доаѓаат кај нас и добиваат сугестии да не ги прекршуваат законите, но има општини кои не прават такво нешто, последните случаи во град Скопје не се случиле порано.

Училишниот колектив не соработува меѓу себе. Има директори на училишта кои не ги исполнуваат елементарните услови, а не се ни редовни. Има многу несогласувања во средношколските академски кадри“.