,,Финтите” на Вучиќ: Српскиот претседател повлече потег кој на многумина им изгледаше неверојатен

0

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го започнува формирањето на Народно движење за Србија, потврди Танјуг.

Во српските политички кругови веќе извесно време се шпекулира дека Вучиќ ќе формира нова политичка партија или движење. Иако ваквиот развој на настаните изгледаше неверојатен, Вучиќ ќе побара поддршка од народот и од сабота ќе започне разговори со граѓаните на југот на Србија, пренесува Нова.рс.

Некои сметаат дека тоа е само маркетиншки трик и дека тешко дека Вучиќ ќе ги напушти прогресивците.

Пологично е таа партија само да го смени името во движење, што на граѓаните им звучи подобро отколку партија, а би значело и одредена дистанца, барем во името, од негативните конотации поврзани со СНС и бројните афери.