– Бразилскиот фудбалер Роберто Фирмино по завршување на тековната сезона ќе ги напушти редовите на англискиот прволигаш Ливерпул, јави „Скај спорт“.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, претходно во неколку наврати рече дека сака Бразилецот да остане во клубот и оти ќе разговара со Фирмино за продолжување на договорот.
Британските медиуми наведуваат дека договорот, сепак, не е постигнат и Фирмино на лето ќе замине од Ливерпул.
Фирмино на „Енфилд Роуд“ дојде во 2015 година и оттогаш за Ливерпул одигра 352 натпревари и постигна 107 голови.