ФОТО | “Ако не можете да кажете нешто убаво, подобро молчете!“ – Јелена Ѓоковиќ претресена од страшните трагедии во Србија испрати моќна порака до сите

0

Сопругата на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, се огласи преку социјалната мрежа Инстаграм и така го кажа своето мислење за двете големи трагедии кои се случија во соседна Србија.

По страотниот масакр што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, а потоа и крвопролевањето извршено од У.Б. (21 г.) кај Младеновац каде уби осум лица, речиси сите граѓани на Србија се оставени во шок и неверување.

Сопругата на Новак Ѓоковиќ на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм сподели видео од цртаниот филм „Бамби“ (1942 г.) за да го привлече вниманието на тоа колку е важно да се воспитуваат децата и колку е важно да не се повредуваат едни со други со зборови.

Во споменатото видео, мајката зајачица го потсетува својот син на советите на неговиот татко: „Ако не можете да кажете нешто убаво, подобро е да не кажувате ништо“.

објавата на Јелена Ѓоковиќ на социјалната мрежа Инстаграм