УЖАСОТ ВО СРБИЈА ПРОДОЛЖУВА – Во центарот на Белград брутално нападнат и тешко повреден млад човек од страна на група тинејџери кои дивееле по улиците

27-годишно момче С.У. било нападнато претходната вечер во главниот град на Србија, Белград, и со тешки повреди е пренесен во Ургентниот центар.

Според информациите на соседните медиуми, младиот човек бил претепан од шестмина млади тинејџери на улицата „Паунова“, а се здобил и со повреди од остар предмет односно нож. Повредите се оквалификувани како тешки и се нанесени на градниот кош и на нозете на младиот човек, пишува српски Курир.

Според информациите, нападот се случил околу 23:45 часот претходната вечер.

Младиот човек С.У. е задржан на лекување во болница.