ВИДЕО | Детали за обидот за атентат на позатиот руски писател Захар Прилепин – пропагандистот на Кремљ повреден а неговото возило кренато во воздух

Автомобилот на Захар Прилепин, познат руски писател, е кренат во воздух на автопатот во регионот Нижни Новгород, а во несреќата животот го загубил возачот на автомобилот.

Захар Прилепин е повреден, потврдиле полициските извори за руската државна агенција РИА Новости.

Експлозијата се случила на автопатот во областа Бор, на местото на трагедијата пристигнале итните служби, полицијата и истражниот комитет“, изјавил изворот за РИА Новости.

САД и НАТО создадоа уште една меѓународна ќелија – режимот во Киев“, изјавила портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, во објава на социјалната мрежа Телеграм. На овој начин таа ги коментираше информациите за експлозијата на автомобилот на писателот Захар Прилепин.

Фактот се оствари: Вашингтон и НАТО нахранија уште една меѓународна терористичка ќелија – режимот во Киев. Бин Ладен, ИСИС, сега Володимир Зеленски. Директна одговорност на САД и Велика Британија“, напишала таа во објавата и додала дека се моли за животот на рускиот писател.

Марија Захарова

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така го коментираше настанот и кажа дека се уште не се знае кој е одговорен за кревањето во воздух автомобилот на писателот Захар Прилепин во Нижни Новгород и дека мора да почекаат информации од органите на редот.

Ова сè уште не е познато, ќе чекаме информации од органите на редот“, кажал Димитриј Песков на прашањето дали станува збор за обид за атентат од страна на украински милитанти.