ВИДЕО | ВАКВО “ЧУДО“ СЕ РАЃА ЕДНАШ ВО 100 ГОДИНИ! Барселона има вистински талент: Ова момче има само 12 години и е високо 208 сантиметри, а на теренот може апсолутно се

Едно момче од само 12 години веќе успеа да го привлече целото можно внимание кон себе!

Причината е висината, и неверојатниот кошаркарски талент што го поседува! Станува збор за Мухамед Дабон, момче кое го носи дресот на Барселона, веќе е висок 208 сантиметри, а на теренот може апсолутно се.

Мухамед Дабон, кој е роден во Буркина Фасо, ја предводеше Барселона до титулата на турнирот до 15 години.

Тој го доби и признанието МВП, а против Реал Мадрид во финалето постигна 25 поени додека забележа уште 14 скока и шест блокади.

Многу НБА клубови веќе го имаат на „мета“ и нема сомнеж дека ова момче го чека голема кариера.