ПАДНА ВЛАДАТА НА МАТЕУШ МОРАВЈЕЦКИ ВО ПОЛСКА – Доналд Туск се враќа на политичката сцена

Конзервативната Влада на Матеуш Моравјецки го загуби гласањето за доверба во полскиот парламент, отворајќи го патот за коалицијата предводена од Доналд Туск да ја преземе функцијата во недела и да стави крај на осумгодишното владеење на партијата Право и Правда (ПиС).

Овој потег доаѓа речиси два месеци по изборите во Полска, каде коалицијата на опозициските партии освои најмногу места. Сепак, полскиот претседател Анджеј Дуда му ја даде првата шанса на Матеуш Моравјецки да формира Влада.

Кандидатот за премиер на Полска, Доналд Туск, минатата недела изјави дека се надева дека коалициската Влада ќе положи заклетва во среда.

Доналд Туск