НА СВЕТОТ МУ СЕ ЗАКАНУВА НОВА ВОЈНА !? Искусен генерал од Германија предупреди за најлошото: “Можеме да се одбраниме и ќе се браниме!“

Изјавата на искусен генерал од Германија шокираше многумина во Европа – планираат ли Русите напад врз Германија ?

Генералот Карстен Брејер, прв човек на германските вооружени сили, за германските медиуми изјави дека стравува дека Русија може да ја нападне Германија и да започне „одбранбена“ војна.

Во интервју за Frankfurter Allgemeine Sonntagskeitung, Карстен Брејер вели дека е загрижен што Русија се вооружува во овој момент. Тој додаде дека Германија ќе мора да се навикне на можноста „еден ден да треба да води одбранбена војна“.

Карстен Брејер беше прашан и дали германската Армија ќе може да се справи со евентуален руски напад врз НАТО, чиј дел е и ГерманијаКарстен Брејер вели:

Да. Периодот е таков. Немаме алтернатива. Можеме да се браниме и ќе се браниме“.

Сепак, Карстен Брејер призна дека германската Армија има недостатоци кога станува збор за националната и сојузничката одбрана, бидејќи со години е фокусирана на меѓународниот кризен менаџмент. 

Сега гледаме Бундесвер (вооружени сили на Германија) кој сè уште не е доволно опремен за војна“, вели тој, додавајќи дека има структури кои ги прават брзите и насочени одлуки речиси невозможни.