Девојката која исчезна пред четири години, жива и здрава влегла во полиција и раскажала неверојатна приказна (ВИДЕО)

Таа заминала од дома во 2019 година и не се јавувала на своето семејството се до оваа недела

Девојка од Аризона, која исчезна пред четири години, само неколку дена пред нејзиниот 15-ти роденден, оваа недела влезе сама во полициска станица барајќи да биде отстранета од списокот на исчезнати деца.

Алиша Наваро, која сега има 18 години, влегла во просториите на полициската станица во мало гратче во Монтана, блиску до границата со Канада, и се претставила како девојка која била пријавена за исчезната во септември 2019 година.

– Алиша Наваро е лоцирана. Таа е жива, здрава и среќна – изјави Хозе Сантијаго од полицијата.

Таа, наводно, си заминала од својот дом во Глендејл ноќта на 15 септември 2019 година и била пријавена дека е аутистична, но високо функционална.

Нејзините родители, кои во тој момент спиеле, следниот ден пронашле рачно напишана белешка на која пишувало: „Побегнав. Ќе се вратам. Се колнам. Жал ми е “.

Тие немаа слушнато ништо за неа до оваа недела. Државната полиција на Монтана ги известила колегите во Глендејл дека побарала нејзиното име да се отстрани од списокот на исчезнати деца.

Наваро потоа се сретнала со нејзината мајка на која сакала да и се извини за страдањата сите овие години.

Мајката на Џесика Нунез не откри други детали, но рече дека е среќна што нејзината ќерка е жива.

Полицијата истражува како тинејџерката стигнала во Монтана и каде живеела во последните четири години.

Според извештаите, таа доброволно излегла од дома и, според неа, никој не и наштетил.