Неверојатно откритие: Американец пронашол милиони во пченка (ВИДЕО)

За еден Американец, одгледувањето пченка се исплатеше повеќекратно

Одгледувањето пченка на Американец се исплатело откако на полето во Кентаки пронашол повеќе од 800 златни монети од времето на Граѓанската војна. Вредноста на ова откритие е во милиони, а златниците можеби биле закопани поради декларацијата за неутралност на Кентаки за време на војната.

Пронајдени се и ретки златни монети од 1863 година. Колекционерите сега можат да ги купат овие монети, а експертите изразија огромен интерес за нив. Максималната цена по која претходно е продаден златник е над 381.000 долари.

Државата Кентаки, која граничи со северните и јужните држави, имаше неутрална позиција за време на американската граѓанска војна во која многу семејства беа спротивставени.

Џеф Гарет, трговец со ретки монети и експерт за ковачници во САД, бил контактиран за проценка на монетите пронајдени во полето со пченка во Кентаки.

„Иако секогаш сум возбуден кога некој ќе ми се јави и бара совет за откривање на ретко монети, можноста да работам со златници од Кентаки е еден од најважните моменти во мојата кариера“, рече Гарет.

Според него, важноста на ова откритие не може да се прецени, бидејќи неверојатната бројка од над 700 златни монети претставува временска капсула на монети од ерата на Граѓанската војна.

„Пронаоѓањето на монета од орел од 1863 година во одлична состојба би било важен нумизматички настан. Пронаоѓањето на голем број извонредно зачувани примери е речиси неверојатно“, нагласи Гарет.

Колекционерите сега можат да купуваат монети пронајдени во Кентаки. За некои од нив цената се движи помеѓу 995 и 1295 долари, додека за други, информациите за цената се достапни на барање.

Највисоката цена што некогаш била продадена за златен орел од 1863 година е нешто повеќе од 381.000 долари.