Нова студија: Вештачката интелигенција може да ни генерира лажни сеќавања

Според една неодамнешна студија, речиси половина од учесниците на кои им биле прикажани преработки на измислени филмови ги запаметиле како вистински, пишува „Јуроњус“.

Видеата со „дипфејк“ технологијата, се дигитално изменети видеа, кои можат да го променат гласот или лицето на една личност со гласот на друго лице. Има многу загриженост дека овие убедливи, лажни видеа може да се користат за ширење дезинформации.

Тим на истражувачи одлучија да се фокусираат на тоа, како овие фалсификати можат да влијаат на клучната компонента на човечкиот мозок, меморијата.

Тимот, предводен од Џилијан Марфи од Универзитетскиот колеџ „Корк“ во Ирска, испитуваа повеќе од 400 луѓе, откако им покажале клипови со „дипфејк“ технологија, од филмови со различни актери. Еден таков лажен клип бил со Вил Смит, кој глуми како Нео во филмот „Матрикс“, наместо Кијану Ривс кој всушност глумеше во филмот.

Потоа, учесниците гледале клипови од вистинските преработки на филмовите. Во меѓувреме, на некои испитаници им биле доставени и текстуални описи на непостоечките преработки.

Студијата покажа дека околу 49 отсто од учесниците верувале дека лажната преработка е всушност реална, при што многу од нив „се сеќаваат на лажната преработка како подобра од оригиналниот филм“.

„Заедничките грижи на тимот беа непочитувањето на уметничкиот интегритет, нарушување на заедничкото општествено искуство на филмовите и непријатност во контролата и опциите што оваа технологија би ги дозволила“, изјавиле истражувачите.

Сепак со последната студија, се истакнува дека резултатите од клиповите со „дипфејк“ технологија, не се многу различни од резултатите што произлегуваат од другите методи за ширење дезинформации, како што се лажните текстови.