“ЈАС ЌЕ БИДАМ ПОВТОРНО МАНДАТАР НА ВЛАДАТА“ – Димитар Ковачевски убеден во победата на СДСМ: “Ние секако ќе направиме коалиција која што сигурно ќе победи на изборите“

Одговорноста има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и нивното раководство кое се противи на продолжување на европскиот пат на државата, истите кои го кочеа зачленувањето во НАТО го кочат европскиот пат на земјата, изјавил во интервју за телевизија Канал 5, премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Ние имавме Влада на ВМРО-ДПМНЕ 11 години каде немавме ниту еден исчекор, немавме одлука во делот на зачленување во НАТО и во ЕУ. Секогаш одлагаа, секогаш ги одложуваа за да на крај имаме потешки и полоши решенија, тука пред се мислам на договорот со Грција. И денес е исто. Уставните измени се блокирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Одговорноста има име и презиме, тоа е ВМРО-ДПМНЕ и нивното раководство коешто противи на продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата. Зошто? Заради едноставно политички причини и играње на емоциите на граѓаните преку воспоставување на реторика која води кон минатото, а не води кон иднината. Ние како коалиција сме решени овој процес да продолжи и сметам дека ќе дојде денот кога сите пратеници ќе сфатат дека нема алтернатива и дека единствен начин за напредок и на државата е зачленување во ЕУ. Како изгледа чекање ние најдобро сме виделе. 17 години Северна Македонија чекаше за да добие преговарачка рамка и да отпочне преговори со ЕУ“, посочи Димитар Ковачевски.

Како што соопшти СДСМ, Димитар Ковачевски истакнал дека процесот на зачленување во ЕУ значи повисок животен стандард, економски просперитет, подобра социјална правда и врвно владеење на демократија и владеење на правото.

Димитар Ковачевски додал дека „процесот е се уште жив и ќе остане бидејќи членството во ЕУ нема алтернатива“. 

Во врска со изборите, тој истакнал дека СДСМ ќе има коалиција што сигурно ќе победи на изборите.

А по изборите наредната 2024 година јас повторно ќе бидам мандатар на Владата и ќе бидам претседател на проевропска Влада“, истакнал тој.

За СДСМ воопшто не е прашање дали изборите ќе бидат во месец мај или во месец јуни. Бидејќи ние секако ќе направиме коалиција која што сигурно ќе победи на изборите. Коалиција која што сигурно ќе ја формира новата влада, и претседателскиот кандидат кој што ќе биде предложен од СДСМ и поддржан од европската коалиција ќе биде победник на претседателските избори кои што ќе се одржат идната година. После изборите јас повторно но ќе бидам мандатар на владата и ќе бидам претседател на влада кој што ќе предводи влада која што ќе ја внеси државата во ЕУ“, вели Димитар Ковачевски.

Во однос на модалитетот за настап на изборите, вели дека имале разговори со коалициските партнери, за што медиумите ќе бидат информирани.