ФОТО | Грозоморно насилство – соученици брутално нападнале младо момче со тежок аутизам: “Такво нешто не сме виделе со децении!“
Момче со тежок облик на аутизам било издлабено со кукаст крст на грбот од неговите соученици од средно училиште. Страшниот чин се случил во средното училиште „Clark“ во Лас Вегас минатиот месец, а жртвата е неименуван 17-годишен ученик. Криминалната полиција истражува случај за кој многумина, вклучително и родителите на момчето, веруваат дека е злосторство од омраза, пишува Daily Mail.
Мајката на момчето во изјави за медиумите кажала дека тинејџерот не бил вербален и дека на училиште одел со куче-асистент. Работите да бидат уште полоши, момчето е Евреин и во моментот на нападот носело јармулке. Сепак, случајот останува нерасчистен, а виновниците се на слобода бидејќи училиштето нема безбедносни камери во училниците, соблекувалните и бањите.
Во неделата, повеќе од шест недели по инцидентот, ФБИ потврди дека ќе се приклучи на полициската истрага во Невада бидејќи злосторството продолжува да предизвикува бес низ целата земја.
„Запознаени сме со случајот и сме во редовен контакт со локалните власти. Доколку локалната истрага открие информации за потенцијално федерално кршење на граѓанските права, ФБИ е подготвен да се вклучи во истрагата“, потврдиле од агенцијата за американските медиуми.
Џоли Брислин, директорка на Лигата против клеветата (АДЛ), го осуди настанот и кажа дека била во контакт со ФБИ: „Овој ученик не само што беше цел на напади поради неговата религија, туку беше особено ранлив поради неговата попреченост. Училиштето не треба да биде место на омраза и учениците треба да се чувствуваат безбедно“.
Мајката на момчето го забележала кукастиот крст на грбот на нејзиниот син на 9. март кога тој се вратил од училиште. Таа за Jewish Press изјавила дека веднаш стапила во контакт со одговорниот персонал за да праша дали тинејџерот бил оставен без надзор, а набрзо и било кажано дека момчето имало добар ден и дека не е оставено без надзор.
Два дена подоцна ја известиле дека нејзиниот син одбил да го користи тоалетот, поради што пријавила во полиција, а таа веднаш го повлекла синот од училиште поради небезбедната средина. Во меѓувреме, официјалните лица во училишната област, која се состои од 374 училишта и 315.600 ученици, велат дека органите на редот спровеле темелна истрага, но не нашле ништо што би укажало на виновникот.
Нападот е еден од серијата инциденти поврзани со антисемитизмот низ САД, од кои повеќето се случија меѓу младите во државните училишта. Статистиката објавена во четвртокот покажув дека бројот на антисемитски инциденти се зголемил за 36 отсто кога се споредуваат податоците од 2021 и 2022 година.