ФОТО | Додека целиот свет чека на негова одлука, тој безгрижно ужива – Килијан Мбапе казната од ПСЖ одлучи да ја ‘преболи’ во друштво не на една, туку две убавици – погледнете!

Фудбалерот Килијан Мбапе се чини дека воопшто не е вознемирен од неговите проблеми во ПСЖ, бидејќи беше забележан како ужива во сончевата Сардинија со пријателите и две убавици.

Француската фудбалска ѕвезда досега имаше хаотично лето, откако ПСЖ реши да го казни затоа што објави дека нема да го продолжи договорот со клубот кој истекува следната година, а не бара ниту нов клуб. Поради ова, клубот реши да го испрати Килијан Мбапе на тренинг со вториот тим.

слика
Килијан Мбапе

Сепак, Килијан Мбапе изгледа целосно заборави на овие проблеми на Сардинија. Тој е забележан како излегува од луксузен приватен авион со пријатели пред да се упати кон клуб на плажа.

Француската фудбалска ѕвезда подоцна бил забележана на забава со фудбалерот на Реал МадридРодриго, што само ги подгреа шпекулациите дека тој наскоро ќе му се придружи во Мадрид.