ФОТО | Кинески Xiaomi го претстави првиот електричен автомобил: Поевтин од Tesla, а според овој индикатор – уште подобар

За помалку од половина час биле нарачани 50.000 автомобили

Кинеската компанија Xiaomi (Xiaomi) , позната пред се по производство на паметни телефони, го претстави својот прв електричен автомобил SU7 .

Извршниот директор на компанијата Леи Јун изјави дека SU7 ќе се продава во Кина по цена од 215.900 јуани или 27.700 евра до 299.900 јуани, односно околу 38.460 евра, пренесува CNN.

Почетната цена е за околу 3.700 евра пониска од основната цена на Tesla Model 3, која во Кина изнесува 245.900 јуани, пренесува Танјуг.

„Xiaomi сака да произведе автомобил од соништата како Порше или Тесла“, објави шефот на компанијата на кинеската социјална мрежа Weibo.

Според него, стандардната верзија на SU7 има почетен домет од 700 километри, што е подобро од верзијата со долг дострел на Tesla Model 3 .

За само 27 минути од почетокот на продажбата на новиот автомобил, регистрирани се повеќе од 50.000 нарачки на возила.

„Мојата денешна возбуда не може да се опише со зборови“, заклучил Леи Јун.