ФОТО | НЕОБИЧЕН СЛУЧАЈ – 5-годишно момче кашлало три месеци, а докторите останале шокирани од откритието во неговите бели дробови: “Кутро детенце…“
Кашлицата (лат. tussis) е автоматски, природен рефлекс (без човечка волја) кој помага во исфрлање на секрет, разни надразнувачи, туѓи честички и микро-организми од дишните патишта.
Кашлицата се состои од три фази: вдишување, издишување и автоматско ослободување на воздух (со или без секрет) од белите дробови, обично придружено со препознатлив звук. Адекватниот третман зависи од причината, а мерките за спречување на ширење на заразни болести секогаш треба да се имаат на ум.
Докторите во Парагвај, пак, биле збунети од кашлицата на 5-годишното момче, која траела три месеци. Тие останале запрепастени кога конечно ја откриле причината, пишува The Sun.
Имено, момчето страдало од силна кашлица од декември 2022 година и дури откако долго време не се смирил, родителите го однеле на доктор, кој го упатил на специјалист. Додека докторите правеле опсежни тестови за да откријат што се случува и зошто кашлицата не престанува со месеци, пронашле метален предмет во левото белодробно крило на момчето.
Рентгенот, всушност, открил дека момчето имало метална пружина во белите дробови! Тој бил веднаш префрлен на итна помош во Националниот институт за респираторни заболувања. Таму бил опериран и успешно му била отстранета металната пружина.
д-р. Карлос Мориниго рекол дека операцијата била комплицирана поради тоа колку туѓото тело останало заглавено во белите дробови на момчето, како и штетата што ја предизвикало во тој период.
И покрај тоа што предизвика, како што кажале докторите, „веројатно намалување на капацитетот на белите дробови“, д-р. Карлос Мориниго изразува очекување дека состојбата најверојатно ќе се подобри додека момчето расте. Докторот објавил фотографија од неговите бели дробови со порака: „Три месеци кашла. Никогаш претходно не бил однесен на доктор. Кутро детенце“.
Тој, исто така, им порачал на родителите да бидат особено внимателни околу помалите деца и да не се двоумат да ги однесат на доктор кога ќе се појави необичен, долгорочен проблем.
„Ако вашето дете јаде, пие, дише нормално и нема звуци на отежнато дишење, кашлицата обично не е причина за грижа. Децата помлади од шест години не треба да земаат лекови за кашлица и настинка без рецепт, освен ако не им препише нивниот доктор“, се додава во текстот.
За секоја кашлица која трае подолго од една недела или помалку, доколку е придружена со други проблеми, задолжително однесете го детето на доктор!