ФОТО | ОБЈАВЕНА ФОТОГРАФИЈА ОД ТАТКОТО НА УБИЕНАТА ВАЊА ЃОРЧЕВСКА – Овој човек-монструм за пари си го предаде детето на киднаперите
На социјалните мрежи се споделува фотографија на која наводно се гледа Александар Ѓорчевски, таткото на монструозно убиената 14-годишна Вања Ѓорчевска, кој според сознанијата на Министерството за внатрешни работи (МВР) и обвинителството учествувал во нејзиното киднапирање.
Фотографијата ја сподели Мартин Костовски, пратеник на СДСМ, а во целост ви ја споделуваме неговата објава:
„ТАТКО !!!
Си створил живот, си створил дете, требаше да ја сакаш највеќе, ЖИВОТОТ СВОЈ ДА ГО ДАДЕШ !!! Да ја заштитиш од се и секој, да ја чуваш, раниш, браниш, охрабриш… да бидеш ветерот во нејзините едра !!!
…..ТАТО …… ќе ти ѕвони гласот додека си жив и ќе се каеш што не го даде животот свој !!! СО КОЕ СРЦЕ, ДУША И МОЗОК ја стави алчноста пред животот на детето свое ?!?!? А ТОА ТИ ВЕРУВАШЕ !!! Како сега на другото ќе му објасниш дека си татко ?!?!?!
ТИ НЕ СИ ТАТКО-ТИ СИ Р’ЃА МОНСТРУОЗНА !!!“
Според она што го соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, киднаперите претходно во вечерните часови од таткото биле известени дека Вања Ѓорчевска сама ќе оди на училиште и им го открил времето на излегување од дома.
Како што кажа Оливер Спасовски, Вања Ѓорчевска била киднапирана за да се изнудат пари од нејзината мајка, а набргу потоа била убиена со пиштол.
Убиецот ја убил затоа што се плашел од доказите кои полицијата може да ги најде во истрагата која веќе започнала по пријавата.
По монструозното убиство, Вања Ѓорчевска била закопана во околината на Скопје. Ова го соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Според него, МВР ги приведе сторителите на две убиства – девојчето Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Според информациите, убиецот пребегал со неговиот адвокат кон Белград од каде се упатил кон Бугарија. Контраверзниот лик и првоосомничен Љупчо Палевски – Палчо е добро познат на македонската јавност.
„Во врска со двата случаи осомничени се пет лица, три лица се во притвор, едно е надвор од државата, а петтото лице, таткото на малолетничката е приведено, распитот е извршен. Ќе бидат преземени мерки по наредба на Обвинителството. Мотивот е личен интерес, при што едно од лицата во договор и со знаење на член на семејството го организирало извршувањето на кривичното дело, со цел да изнуди пари од мајката, за во иднина сите инволвирани да имаат материјална корист“, откри Оливер Спасовски.